„Милкуз” е фирма која пред себе има визија, а тоа е да стане национална водечка фирма која на своите потрошувачи ќе им понуди загарантиран квалитет, намалена потрошувачка и удобен и пријатен амбиент во нивниот дом со користење на нашите производи. „Милкуз” опстојува веќе 24 години и е успешно водечка фирма за производство на камини на пелети, таа успешно опстојува на пазарот во Европската унија.
Располагаме со хали за производство, хали за монтажа, складишта и свои преставништва во Охрид, Скопје, Грција, Словенија. Тимот на Милкуз е постојано спремен да ви излезе во пресрет и да ви понуди најдобро можно решение или сервис на производите.
Во оваа фирма работат над 40 вработени од различни образовни структури, компанија која е извозно ориентирана со сопствени производи и сопствен дизајн. Фирмата е основана од г-дин Милчо Кузмановски кој постојано се стреми кон усовршување и подобрување на квалитетот на камините на пелети, со постојано надоградување на вработените кои располагаат со тимски дух и хуманитарна ориентација.