Прашања?   +389 70 249 457

Вредна донација на фирмата „Милкуз“ за социјално загрозените, училиштата и градинките

Охридската фирма „Милкуз“ е меѓу првите охридски фирми кои ја покажа својата општествена одговорност и позитивно одговори на повикот на министерството за труд и социјални работи за помош на социјално загрозените семејства во рамки на проектот „ Топол дом“.

Фирмата „ Милкуз“ донира десет грејни тела од кои пет наменети за социјално загрозени семејства, а останатите за училиштата и две за потребите на објектите на детската градинка „Јасна Ристеска“.

– Од Центарот за социјална работа не информираа дека постои потреба за донации за ранливите категории граѓани. Во рамки на нашите можности излеговме во пресрет и дониравме печки на дрва за социјално загрозени граѓани, за училиштата во Охрид и Дебрца и две печки на пелети за градинката. Се надеваме дека ова ќе премине во традиција и дека во иднина ќе има повеќе донации и од други фирми, рече Мери Најдеска, менаџер во фирмата „Милкуз“.

Директорот на Центарот за социјална работа- Охрид, Екрем Каљоши, изрази благодарност за донацијата и ги повика и останатите охридски фирми да донираат.

– Во рамки на проектот Топол дом побаравме од бизнис заедницата да се вклучи и за наша среќа наидовме на прием од страна на оваа фирма. Очекуваме во иднина овој гест да го следат и другите стопанственици кои ќе се вклучат во акцијата и дека ќе биде поголем бројот на компании кои ќе ја покажат својата хуманост, рече Каљоши.

Претседателката на советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска потенцира дека донацијата на фирмата „Милкуз“ е икслучителна прилика да се покаже како заедницата во повеќе нивоа може координирано да функционира и крајниот резултат да биде една ваква благородна акција. Упати апел до охридските фирми да се вклучат во акцијата, додавајќи дека локалната самоуправа и понатаму ќе помага во координацијата и поврзувањето на фирмите кои помагаат и лицата на кои помошта им е неопходна.

 

 

КОНТАКТ

mob: +389 70 249 457
email: meri_kuzmanoska@hotmail.com
web: www.milkuz.com.mk
adresa: 15 корпуз бб Охрид, Македонија

EN 

ЛОКАЦИЈА

КАТАЛОГ 2018

FACEBOOK